Сензационална трампа на повидок меѓу Јунајтед и Челси
Трампата ја иницира Челси кој го понудил Кристофер Нкунку во замена за аргентинскиот репрезентативец Алехандро Гарначо. Крилниот играч не влегува во плановите на Рубен Аморим за претстојната сезона и во Челси сакаат да го искористат тоа за да го донесат во своите редови. „Сините“ се обидоа да го направат тоа уште во јануари, но Јунајтед тогаш не се согласи.
Нкунку исто така има проблеми во Челси и не може да се избори за место во стартната постава, па Мареска најчесто го користеше во Конференциската лига. Одигра само девет меча во англиското првенство и постигна три гола, а договорот со Челси му е со важност до 2029 година.