Се создава моќна Ц. Звезда: Во Белград доаѓаат уште две мега засилувања!

Црвена звезда сака да го создаде најсилниот тим кој го имале по оној кој ја покори Европа, ова лето потпишаа со Марко Арнаутовиќ, Милош Вељковиќ и Матеус, но има најави за уште.

Наводно, црвено-црните наскоро ќе потпишат со поранешните репрезентативци на Србија, Душан Тадиќ и Дарко Лазиќ.

Но, додека да бидат „сервирани овие две бомби“, спортскиот директор Марко Марин и првиот човек на клубот Звездан Терзиќ работат на уште две големи засилувања.

Едниот треба да биде стопер, а другиот дефанзивен играч од средниот ред.

Црвена звезда има мисија да направи конкурентен тим во европски рамки и не штеди за да ја оствари таа цел.