
Донарума заминува од ПСЖ и се сели во гигант од Премиер лигата!?
ПСЖ го договори доаѓањето на 23-годишниот голман Лукас Шевалие од Лил и сега е отворен за преговори за продажба на Донарума кој за францускиот клуб брани од 2021.
Раководството на ПСЖ не сака да направи грешка како со Мбапе и да загуби уште една звезда без отштета. А тоа значи дека ова лето мора да го продаде Донарума со оглед на тоа што неговиот договор истекува наредното лето.
Најголем интерес има од Манчестер јунајтед кој сака во новата сезона да игра со нов голман. Тие подолго време го следат Донарума и сега е вистинско време за негов ангажман.
Се шпекулира дека зделката би можела да биде комплетирана за 40 милиони евра.