Едерсон доби конкуренција, Манчестер сити го има најскапиот британски голман!

Eкипата на Манчестер сити вечерва и официјално го потврди ангажманот на голманот Џејмс Трафород кој пристигнува од Барнли за сума од 35 милиони евра, плус бонуси.

Трафорд со овој трансфер стана и најскапиот британски голман, а за него ова е враќање во клубот каде што ги направи првите чекори.

По времето во академијата на „граѓаните“, Трафорд беше испраќан во Акрингтон, Болтон и Барнли каде што го покажа војот квалитет и се истакна како еден од најдобрите голмани на Островот.

Сити не чекаше многу и ја искористи клузулата во неговиот договор да го врати во своите редови и му го даде дресот со број еден. Сега се очекува Стефан Ортега да го напушти клубот, додека Трафорд ќе се бори за местото прв голман со Едерсон.

Тој е петтото засилување за „граѓаните“ ова лето откако претходно пристигнаа: Тијани Рејндерс, Рајан Шерки, Рајан Алт-Нури и искусниот Маркус Бетинели кој прифати да биде трет чувар на мрежата на местото на Скот Карсон.