Го испушти Синер на Вимблдон, сега мора да прекине серија која траеше 14 години

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го откажа својот настап на УС Опен поради повредата на рамото која ја доживеа на Вимблдон.

Таму тој имаше шанса да го победи најдобриот светски тенисер Григор Димитров, но токму поради повредата мораше да го предаде мечот во третиот сет, при водство од 2-0. Според неговиот менаџер, Димитров ќе се врати на терените кон крајот на септември или почетокот на октомври кога почнува азиската турнеја.

Поради откажувањето од УС Опен, Димитров ја прекинува серијата од 58 настапи на Гренд слем турнирите во низа, а која почна на Австралија Опен во 2011. Освен тоа, последен пат го пропушти УС Опен во 2010 година кога уште беше тинејџер.