Звезда без мака до трето коло, дебитираше и Арнаутовиќ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда без поголеми проблеми славеа убедлива победа над Линколн со 5-1 и така се пласираа во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Звезда во првиот натпревар на гости во Гибралтар славеше минимално, но вечерва доминираа од почетокот до крајот.

Патникот во следното коло беше одлучен по само 37 минути кога Катаи, Иваниќ и Бруно Дуарте се погрижиј за убедливи 3-0. Катаи освен голот кој го постигна беше асистент и на преостанатите две. Пред крајот на првиот дел за 4-0 погоди Милсон.

Линколн во вториот дел постигна почесен гол преку Де Бар, а имаа прилика од пенал да постигнат и втор, но Нано не реализираше.

Конечните 5-1 ги постави Ндиаје во 75 минута. За издвојување од овој натпревар е и дебито на Марко Арнаутовиќ кој во игра влезе во 73. минута на местото на Бруно Дуарте.

Во третото коло Звезда треба да игра против Лех Познањ од Полска кој во првиот натпревар против Бреидаблик на свој терен славеше победа од 7-1, па не е реално да се очекува Исланѓаите да направат некое чудо во реваншот.