Готово: Милер го избрал новиот клуб!

Томас Милер претходно најави дека негова следна дестинција ќе биде МЛС лигата, а сега пристигнува информација и дека го избрал својот нов клуб.

Германскиот ветеран ставил потпис на договор со тимот на Вакувер Вајткепс, иако се поврзуваше и со Лос Анџелес.

Се споменуваше и пензијата како опција за Милер, сепак не се одлучи на таков потег и ќе продолжи да игра фудбал, а договорот кој го потпишал со Ванкувер е со важност на две години.

Зад себе Германецот има голема кариера во редовите на Баерн Минхен за кој одигра 756 натпреваари и постигна 250 голови.