Шешко се договорил со Јунајтед, се очекува уште „амин“ од Лајпциг

Словенечкиот голгетер Бенјамин Шешко ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед и многу веројатно во новата сезона ќе игра за овој клуб, објави Скај спортс.

Напаѓачот на Лајпциг имаше неколку понуди летово, но се согласил да премине на Олд Трафорд, само што се очекува дозвола од неговиот клуб. Понудата на Јунајтед до Лајпциг изнесува 74 милиони евра што би требало да ги задоволи апетитите на бундеслигашот.

Интерес за Шешко летово покажа и Арсенал, но „топчиите“ не можеа да понудат толку пари бидејќи целото внимание го насочија кон Виктор Ѓокереш.