
Четврти странец во Градски парк: Работнички донесе уште еден Американец
Нов играч на 15-кратниот шампион е американскиот кошаркар Брендон Витни кој треба да ја зацврсти бековската линија имајќи предвид дека може да ги покрие позициите 1 и 2. Последната сезона ја поминал на Универзитетот Монтана за која одиграл 35 натпревари во најсилната дивизија во НЦАА.
Висок е 185 сантиметри, а минатата сезона бил избран во втората најдобра петорка во Биг Скај конференцијата, како и во идеалната дефанзивна постава. Пред Витни, клубот од Градски парк ги донесе Американците Џејкоб Хатсон, Брет Томпсон и Џордан Онил, како и домашните играчи Борјан Стојановски и Филип Наков. Новиот тренер Владимир Мирковски ќе ги има и искусните Стојан Ѓуроски и Виктор Ефремовски кои ги продолжија договорија, како и Дамјан Робев.