
Модриќ доби наследник: „Десетката“ на Реал има нов сопственик
Откако си замина Лука Модриќ, неговата „десетка“ доби нов сопственик. Во иднина таа ќе биде на грбот на францускиот репрезентативец и во моментов прва ѕвезда на екипата Килијан Мбапе кој денеска официјално беше претставен како нов играч со бројот 10.
Со тоа Мбапе ја повторува приказната на Кристијано Роналдо од периодот на неговиот трансфер во Реал. Првата сезона Португалецот ја помина со бројот 9, а потоа, откако си замина Раул Гонзалес, го зеде омилениот број 7.