Хаос во Белград: „Делии“ во жестока тепачка со полицијата! (ВИДЕО)

Црвена Звезда вечерва го игра натпреварот против Линколн во квалификациите од Лигата на шампионите, а пред овој дуел низ улиците на Белград се случуваше вистински хаос.

Имено, како што пренесуваат српските медиуми навивачите на црвено-белите влегле во жестока пресметка со полицијата и во истата имало и повредени лица.

Според неофицијалните информации пресметката започнала по вебален судир односно дофрлување од навивачите на сметка на полицијата за нејзината улога во протестите ширум Србија.

Дел од навивачите во моментите кога се случувала тепачката веќе беа на стадионот, а кога до нив пристигнала информацијата што се случувало пред стадионот одлучија да ја напуштат северната трибина на околу 45 минути пред почетокот на средбата.