
Ако Шкендија се пресели во Лига Европа ќе игра против тим на македонски тренер
Тетовскиот клуб нема да патува далеку и ако се пресели во Лигата на Европа во третото квалификациско коло ќе се соочи со косовската Дрита која вечерва беше елиминирана од дански Копенхаген.
Дрита од клупата ја предводи македонскиот стратег Зекрија Рамадани, а во тимот настапуваат Егзон Бејтулаи и Блертон Шеји.
Aко пак Шкендија помине во третото квалификациско коло ќе се соочи најверојатно со Карабах кој во првиот натпревар славеше победа од 3-0 над Шелбурн, па во реваншот не треба да има изненадување.