Лазаревски: Овој Вардар може далеку да стигне во Европската лига!

Пивотот Милан Лазаревски е еден од малкутемина од носителите на играта на Вардар кои останаа од минатата сезона и кои ќе се борат за своето место во жестоката конкуренција.

Искусниот репрезентативец ќе игра четвртата сезона меѓу „црвено-црните“, а се надева на прва шампионска титула во домашното првенство, како и успех во ЕХФ Европската лига.

„Оваа сезона ја почнуваме со огромни промени во играчкиот кадар и целосно нов стручен штаб. Целта на Вардар е победа на секој натпревар и веднаш почнавме со процесот на вклопување бидејќи имаме многу новодојдени играчи. Минатата сезона за малку не ја освоивме двојната круна, но се надевам дека сега ќе бидеме кадарни да го оствариме тоа.

Не можам во моментов да донесен финален заклучок на што ќе личи овој тим на Вардар, несомнено овој состав има квалитет да ја помине групната фаза од Европската лига и не само тоа, туку да отиде далеку во нокаут фазата. Сметам дека сме кадарни, гладни за успех и не само во домашното првенство, туку и на меѓународна сцена ќе се покажеме во добро светло“, рече пикерот на Вардар.