
„Во Македонија луѓето не се навикнати – шокирани се од тоа што го прави Бекали“
ФЦСБ утре во Букурешт ќе ја пречека Шкендија која во првиот натпревар на домашен терен ги изненади Романците и славеше победа од 1-0. Николов пред реваншот зборуваше за сопственикот на ФЦСБ, Џиџи Бекали и неговото однесување за време на првиот натпревар.
„Вниманието во последната недела е насчено кон господинот Џиџи Бекали, за вас е нормално тој да дојде на телевизија и да зборува кој игра добро, а кој не. Во Македонија тоа не се случува, ги прочитав и изјавите дека очекува ФЦСБ да постигне четири-пет гола во вториот натпревар“, изјави Николов за „Дигиспорт“ и продолжи.
„Кога ме гледаат луѓето ме прашуваат дали навистина е така. Тие се шокирани од таквите изјави и влегувањето во програма во живо на полувремето. Не верувам дека и некаде во Европа има нешто слично“, додаде македонскиот фудбалер.
Реваншот помеѓу Шкендија и ФЦСБ е закажан за во терминот од 19:30 часот.