
Сане го одби Баерн Минхен за да се пресели во - „жешкиот“ Истанбул!
Германскиот репрезентативец ја одбил подобрената понуда на клубот од „Алијанц Арена“, со што само ја потврдил одлуката да не го продолжи договорот. Финансиските услови не биле доволен мотив за да го променат ставот на фудбалерот. Според повеќе извори, неговата следна дестинација би можела да биде турскиот гигант Галатасарај, кој веќе засилено работи на трансферот.
Сане се приклучи на баварскиот клуб во 2020 година од Манчестер Сити и во изминатите пет сезони освои неколку титули, меѓу кои и шампионската круна во Бундеслигата.