Реал се враќа во игра за Мбапе, ќе го чека до 15 јануари

Иако пред неколку месеци беше соопштено дека го прекинува секој интерес за Килијан Мбапе, Реал Мадрид, сепак, се враќа во игра за фудбалерот на ПСЖ.

Договорот на голгетерот и ПСЖ истекува на крајот од оваа сезона, а Мбапе ќе биде слободен од 1 јануари да преговара со други клубови. Засега нема најави дека „светците“ ќе ја продолжат соработката со него што му оди во прилот на Реал, но и во шпанскиот гигант се решени да не му остават толку простор сега, како што тоа го направија во 2022 година.

Понудата за Мбапе ќе биде испратена во првите денови од новата година, а одговорот ќе се чека најдоцна до 15 јануари. Реал беше во ваква ситуација и во летото 2022 година, сите тврдеа дека Мбапе ќе биде нов играч на „кралевите“ за пред крајот на таа сезона напаѓачот, сепак, да го продолжи договорот со ПСЖ.