Реал Мадрид оди во акција: Перез ќе засилува две позиции во тимот

Шпанскиот гигант Реал Мадрид оваа сезона не игра како што се очекуваше и може да остане без најголемите трофеи на крајот на сезоната, па поради тоа претседателот на клубот, Флорентино Перез најави ремонт.

Перез, сепак, нема да троши премногу пари, а засилувања на две позиции му се приоритет и тоа се лев бек и плејмејкер.

„Кралевите“ веќе го доворија Трент Александер Арнолд, кој доаѓа од Ливерпул, а Перез сака и освежување во средината на теренот, а како засилување се споменуваа Енцо Фернандез од Челси и Алексис Мекалистер од Ливерпул.