ПСЖ сака да го украде Бернардо Силва пред носот на Барса!
Улогата на крадци во овој случај не би биле англиските „сини“ туку францускиот шампион ПСЖ, кој е подготвен на „граѓаните“ да им понуди 80 милиони евра за потписот на нивната ѕвезда. Главен адут на „светците“ е новиот спортски директор, Луис Кампос, кој е во одлични односи не само со Силва туку и со неговиот менаџер, Жорге Мендеш.
Португалскиот фудбалер беше заедно со Кампос во Монако во сезоната 2016/17, кога заедно стигнаа до полуфиналето од ЛШ како и до титулата во Лига 1, поради што Барса се соочува со голема опасност да го загуби планираното засилување. Особено што преселб ата на Силва на „Камп Ноу“ зависи од продажбата на Френки де Јонг, која во моментов е заглавена.