
ПСЖ конечно постигна гол и победи во Лига 1 (ВИДЕО)
„Светците“ се соочуваат со многу проблеми на стартот од натпреварувачката година, што поради Ковид-19, што поради суспензии, но вечерва со судни маки дојдоа до значајни три бода по поразите од Ленс и Олимпик Марсеј во првите две кола.
Џулијан Дракслер беше херој на ПСЖ на овој натпревари, бидејќи го постигна победничкиот гол во 93-та минута, што воедно беше и прв за тимот сезонава. Победата е уште позначајна, бидејќи беше остварена со играч помалку. Абду Диало беше исклучен во 65-тата минута од натпреварот.