ПСВ му нуди нов богат договор на Перишиќ, но во трката влегува и европски гигант!
Хрватот во 31 натпревар за холандскиот тим, даде 11 голови и асистираше за 10. Тој е најдобриот играч во моментов во составот на ПСВ.
Неговиот актуелен договор истекува на 30. јуни, а приоритетен план на спортскиот директор на ПСВ е да го задржи Перишиќ. За таа цел клубот му ја нуди највисоката можна плата според клупската политика.
Но, Перишиќ има и други опции. Се верува дека Игор Тудор го сака својот сонародник во Јувентус.
Уште е нејасно дали Тудор ќе остане на кормилото на Јуве, но доколку тоа се случи ќе сака да го има и искусниот Перишиќ во тимот.
Перишиќ во Лигата на шампионите му даде два гола на Јувентус, тогаш гигантот од Торино испадна со вкупни 4-3.