Прославата се претвори во катастрофа: Над 20 навивачи се повредени во Хамбург

Хамбургер се избори за пласман во Бундеслигата по пауза од седум години, но прославата на навивачите набрзо се претвори во хаос и катастрофа, при која над 20 лица се повредени, а едно е во критична состојба.

Германските медиуми пишуваат дека навивачите се повредиле кога голем број од нив ги напуштија трибините и тргнаа да слават со фудбалерите на Хамбургер по победата над Улм (6-1).

Според информациите, едно лице се наоѓа во критична состојба, 19 имаат тешки повреди, додека пет навивачи пријавиле полесни повреди.

Спасувачката екипа соопшти дека најголем дел од навивачите се повредиле при влегувањето на теренот, додека останатите биле прегазени.