Пресуди човечкиот фактор - Куртоа се договори со Реал!

Трансфер сагата околу Тибо Куртоа конечно се доближува до крајот! Секогаш добро информираната Марка, барем кога станува збор за кралскиот клуб, тврди дека сѐ би можело да биде официјализирани во текот на денешниот ден.

На крајот, сепак, пресуди човечкиот фактор. Тибо сака да живее во Шпанија, каде воедно живеат неговата сопруга и двете деца, па поради тоа го зголеми притисокот врз управата на Челси, која практично е приморана да му даде зелено светло за заминување.

Од друга страна, Челси нема многу време за предомислување. Трансфер пазарот завршува на 9 август на полноќ, па така на клубот од главниот град на Англија му преостануваат уште два дена да најде достојна замена.

Ќе биде интересно да се види иднината на Кејлор Навас, односно дали ќе прифати да му биде замена на Куртоа или ќе побара место на кое би добил континуитет.