Понуди од сите страни за Де Брујне, се вклучи и Наполи

Откако пред неколку недели беше објавено дека Кевин де Брујне ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, во трката за неговиот потпис се вклучија голем број европски гиганти.

Белгиецот е на залезот од кариерата, но се уште има што да понуди на фудбалските терени. Интерес за него покажаа Интер Мајами и Чикаго Фајр од МЛС, па Ливерпул, неколку саудиски клубови, а сега во игра е и лидерот во Серија А, Наполи. Иако италијанскиот тим има солиден среден ред, Конте смета дека за идната сезона во Лигата на шампионите добро би дошол Де Брујне со своето искуство.

Во Наполи, Де Брујне би играч со Скот Мектоминеј кој му беше ривал во Премиер лигата, но кој одлично се снајде во италијанскиот фудбал.