Почна ремонтот: Аморим избрка девет фудбалери од „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед објави дека девет фудбалери се слободни да си бараат нови клубови затоа што тренерот Рубен Аморим повеќе не смета на нив.

Аморим претходно најави голем ремонт ова лето на „Олд Трафорд“, а тоа го потврди денеска со заминувањето на Виктор Линделоф, Џони Еванс, Кристијан Ериксен, Хуберт Грашик, Џек Кингдон, Сем Мареј, Том Мајлс, Џејмс Нолан и Том Вустер.

„Ѓаволите“ имаат разочарувачка сезона зад себе и поради тоа се очекува во следниот период да бидат ангажирани нови засилувања со кои Аморим ќе се обиде да го врати гигантот од Манчестер на врвот во Премиер лигата.

Фото: Facebook/Manchester United