Почна „чистката“ во Јувентус: Артур Мело се враќа во Ла Лига

Јувентус повеќе не смета на Артур Мело, кој пристигна од редовите на Барселона во летото 2020 година во замена за Миралем Пјаниќ. 

Бразилецот не се прослави во таборот на „Старата дама“, па затоа сега е ставен на трансфер-листата. Севилја ќе го позајми фудбалерот од крајот на оваа сезона, но засега не е јасно дали ќе има и откупна клаузула.

Артур сезонава одигра само пет натпревари во Серија А, а вкупно 27 овие 18 месеци. Во Барселона играше две сезони, а претходно беше дел од Гремио во својата татковина.

Јувентус покрај Артур зимава планира да се ослободи и од Арон Ремзи.