Погба конечно доби понуда каква што чекаше – се враќа по двегодишна пауза!

Пол Погба веќе две години е надвор од фудбалот откако беше суспендиран поради допинг скандалот, а сега изгледа конечно добил понуда која може да ја прифати.

Најпознатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо објави дека денеска била испратена понуда до Погба за двегодишна соработка. Ако Погба ја прифати веднаш би се приклучил на Монако во подготовките за новата сезона во Лига која започнува на 15 август.

Последниот натпревар Погба го одигра на 14 мај 2023 година во дресот на Јувентус, а со оглед дека има 32 години можеби има време и понатаму да игра на високо ниво.

Претходно се шпекулираше и дека Марсеј од Франција исто така сака да го ангажира, но набрзо таа информација беше демантирана.

Фото: Juventus FC/X