
Ферстапен: Нема да биде крај на светот ако ме суспендираат
Ферстапен се наоѓа на 11 казнени бодови, а само уште еден е доволен за да биде автоматски суспендиран на една трка, а пред трката во Канада кажа дека не се грижи премногу поради тоа.
„Нема што да направиме за тоа. Се фокусираме и се обидуваме да ги поправиме грешките. Да се пропушти трка не е идеално, но дефинитивно не е крај на светот ако ме суспендираат“, кажа Ферстапен.