Пике не ја пропушти можноста и го „пецна“ Реал Мадрид

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике не ја пропушти приликата да се огласи по големата победа на каталонскиот гигант во финалето од Купот на Шпанија по продолженија (3-2).

Натпреварот беше исполнет со многу тензија, посебно откако судијата Де Бургос Бенгочеа означи крај на натпреварот.

На социјалните мрежи Пике се јави со кратка порака:

На крајот, добрите момци секогаш победуваат“, објави Шпанецот алудирајќ ина однесувањето на фудбалерите на „кралевите“.

Во хаосот кој се случуваше по последниот судиски свиреж црвени картони заработија: Рудигер, Лукас Васкез, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор. Најмногу се истакна Рудигер кој за своето однесување може да биде суспендиран и до 12 натпревари.

Фото: Barcelona FC/X