
Голема победа за Њујорк: Таунс со тројка го шокира Детроит (ВИДЕО)
Голема драма го одбележа финишот од натпреварот, каде што Карл-Ентони Таунс погоди кога беше најпотребно. Искусниот кошаркар постигна тројка во последната минута и со тоа го обезбеди триумфот од 94-93. Детроит имаше шанси да се врати, меѓутоа не искористи ниту еден од нападот.
Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Брансон со 32 поени и 11 асистенции, додека Таунс постигна 27 поени и девет скокови.