Охрид го декласира Тиквеш и ќе игра на завршниот турнир во Купот

Ракометарите на Охрид беа подобри од Тиквеш со убедливи 34-25, со што станаа третиот патник на завршниот турнир на Купот на Македонија.

Тиквеш во поголем дел од првото полувреме имаше предност, па така по 15 минути водеше со 8-7, Охрид успеа да направи пресврт и на паузата да замине со водство од 15-14.

„Гладијаторите“ се разиграа во второто полувреме, додека Тиквеш се мачеше во нападот и на крајот Охрид успеа да слави со 34-25.

Најефикасен во победничкиот тим беше Орјоникидзе со осум голови, додека Обина запиша девет погодоци за Тиквеш.

Пласман на Ф4-турнирот во Купот на Македонија веќе обезбедија Пелистер и Вардар.