Форца по голема драма со Осогово го освои футсал-купот

Форца славеше во дуелот против КМФ Осогово со 5-4 во финалето на футсал-купот на Македонија, кое беше одиграно во Радовиш.

Головите за победничкиот состав ги постигнаа јасир Зекири, Тауљант Исмаили, Артан Јонузи и двапати стрелаше Зоран Левески.

За составот на Осогово по двапати во листата на стрелци се запишаа Давид Ристовски и Кристијан Станојковски.