Пораз за Елмас и Торино во Неапол: Мектоминеј го носи Наполи кон Скудетото!

Наполи вечерва славеше со 2-0 против Торино и освои важни три бодови со кои му избега на Интер на врвот на Серија А во пресрет на последните четири кола од шампионатот.

Херој на Наполи беше Скот Мектоминеј, кој ги постигна двата гола во првото полувреме. Торино имаше свои шанси, но „биковите“ не искористија ниту една од нив и останаа со празни раце.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра цел натпревар против неговиот поранешен клуб, меѓутоа не успеа да му помогне на Торино да извлече позитивен резултат.

Наполи е прв на табелата со 74 бодови, односно три повеќе од Интер по 34 одиграни кола.

Вечерва беше одигран уште еден меч во Серија А меѓу Аталанта и Лече, кој заврши без победник (1-1).

Фото: FB/ SSC Napoli