Ливерпул со „петарда“ против Тотнем ја потврди титулата во Англија!

Англискиот гигант Ливерпул славеше со убедливи 5-1 против Тотнем во 34. коло во Премиерлигата и на четири кола пред крајот на сезоната ја потврди шампионската титула.

Тотнем прв постигна гол преку Соланке во 12. минута и го налути гигантот од „Енфилд“, кој заигра многу подобро во продолжение и постигна три гола од 16. до 34. минута преку Диаз, Мекалистер и Гакпо за целосен пресврт (3-1).

Предноста на „црвените“ ја зголеми Салах на стартот на второто полувреме, додека мизеријата на лондонскиот тим ја продолжи Удоги со автогол во 69. минута од средбата.

Ливерпул по 34 кола има 82 бодови, односно 15 поени пред Арсенал. По нив следат Њукасл со 62, Манчестер сити со 61, а Челси и Нотингем Форест имаат по 60 бода.

Фото: FB/Liverpool FC