Поранешниот македонски селектор Брестовац стана шампион на Катар!

Македонскиот ракометен тренер Данило Брестовац постигна огромен успех во Катар, каде што заедно со екипата на Ал Араби стана шампион во домашното првенство.

Ал Араби имаше речиси совршена сезона, односно оствари 17 победи и еден пораз на 18 одиграни меча и со вкупно 52 бодови го освои првото место во Катар.

Зад екипата на Брестовац завршија Ал-Духаил и Ал-Рајан со по 48 бода.