
Ужасно второ полувреме за битолчани: Работнички и вторпат го демолира Пелистер!
Пелистер даваше отпор во првото полувреме, иако најтрофејниот македонски тим успеа да замине на паузата со предност од 42-34.
Работнички се разигра во вториот дел, а Пелистер целосно се распадна и беше очаен во нападот, односно во третата четвртина постигна само пет поени, а во последната додаде уште 11, додека скопскиот гигант доминираше на паркетот и триумфира со 79-50.
Најефикасни во составот на Работнички беа Рош со 18 и Ѓуроски со 15 поени, додека Мишковиќ запиша 13 поени за Пелистер.