Шоу на Гуири против Брест - „ножички“ и хет-трик за триумф на Марсеј (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј ја запишаа втората победа по ред во Лига 1, откако вечерва беа подобри со 4-1 против Брест.

Марсеј до водство стигна во осмата минута со голот на Амин Гуири, но Брест набрзо преку Сима успеа да израмни на 1-1. Тоа го налути домаќинот кој во финишот од полувремето погоди уште двапати преку Гринвуд и Гуири.

Гуири го комплетира хет-трикот во 63. минута кога стрелаше за конечни 4-1 и големи три бодови на Марсеј во трката за позициите кои водат во Лигата на шампиони.

Марсеј е на второто место со 58 бодови, односно два повеќе од Лил и три поени повеќе од Монако.

Фото: FB/Olympique de Marseille