Вардар џентлменски: Горди сме на европскиот успех на Алкалоид!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид со триумфот против Рунар обезбеди финале во Европскиот куп на ЕХФ, по што пристигна честитка од поранешниот европски шампион Вардар.

Вардар направи џентлменски потег и реши да му го честита успехот на скопскиот ривал со порака преку социјалните мрежи.

„Се радуваме на секој успех на македонските екипи на европска сцена и горди сме што Алкалоид го имаме за градски ривал. Ви посакуваме многу успех во финалето во Европскиот Куп“, објави Вардар.