Македонија ја совлада Бугарија во хуманитарниот меч за Кочани

Македонските фудбалски легенди денеска се соочија со бугарските во Варна и триумфираа со 3-2 во хуманитарниот меч кој се играше за настраданите во трагедијата во Кочани.

Македонија го постигна првиот гол преку Ристо Божинов, по што Бугарија израмни со погодокот на Камбуров.

Горан Пандев ѝ донесе ново водство на македонската репрезентација со прецизен удар од белата точка во 40. минута, по што Петар Михтарски повторно го израмни резултатот (2-2).

Победата на нашите легенди ја обезбеди Дарко Тасевски по речиси еден час игра во Варна, кога стрелаше за конечни 3-2.

Собраните средства од натпреварот ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.