Рудигер го гаѓаше судијата, покажани четири црвени картони за Реал! (ВИДЕО)

Реал Мадрид загуби во финалето на шпанскиот Куп од Барселона со 2-3, а тоа предизвика гнев кај „кралевите“ кои добија дури четири црвени картони по натпреварот.

Антонио Рудигер беше гневен и го гаѓаше судијата со шише, по што мораа да интервенираат и соиграчите за да не направи поголем проблем.

Главниот судија реши да им покаже црвени картони на Рудигер, Лукас Васкез, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор.