Падна и Хетафе: Валенсија ја продолжи низата, сега е на чекор од Европа! (ВИДЕО)
Со оваа победа, избраниците на Карлос Корберан веќе имаат десет натпревари без пораз и со 45 освоени бодови сега се на само еден чекор зад Селта која е на осмата позиција и тоа е позицција што води во Конференциската лига што би било успех за Валенсија ако се знае дека на почетокот на сезоната тимот беше и помеѓу екипите кои се борат за опстанок.
Натпреварот започна одлично за домаќините. Веќе во 7. минута, по прекршок врз напаѓачот Уго Дуро, судијата досуди пенал, кој сигурно го реализираше Пепелу.
Доминацијата на домаќините продолжи и во 18. минута стигна и вториот гол. По една мешаница, Диего Лопез се најде на вистинското место и го совлада голманот Давид Сорија.
Конечниот резултат беше поставен уште во првото полувреме кога Валенсија по вторпат доби пенал, а сега превизен беше Уго Гуро.
Фото: Valencia C.F/FB