Ова е љубов кон клубот: Прв тренинг во новата година, а на него – 20.000 навивачи! (ФОТО+ВИДЕО)

Љубовта кон Бенфика во Португалија е неизмерна, а навивачите на лисабонските „орли“ многупати тоа го докажале, а го потврдија и денеска во првиот ден од новата 2020 година. На трибините на „Луж“ на отворениот тренинг дојдоа 20.000 гледачи, бројка која во Македонија годишно се случува еднаш во 30-на фудбалски мечеви и тоа ако ни гостува некој великан (најчесто на репрезентација).

Навивачите на Бенфика воопшто не се двоумеа да се појават на тренингот, на барање на првиот човек, за фудбалерите да ја почувствуваат љубовта и поддршката која им е неопходна во продолжение од сезоната. Бенфика е најпопуларниот клуб во Португалија, скоро половина од жителите навиваат за овој клуб (47 отсто), регистрирани се 5,8 милиони навивачи, а низ светот ги има вкупно 14 милиони.

И уште повеќе, тренингот дури се пренесуваше во живо на јутјуб-каналот, а и на клупската телевизија.