Официјално: Продолжена суспензијата на Бундеслигата

Фудбалската федерација на Гермнија очекувано реши да ја продолжи суспензијата на Бундеслигата до 30 април годинава, а со тоа и сите останати професионални фудбалски лиги во земјата. 

Челниците на германскиот фудбал планираат да ја продолжат сезоната во првиот викенд во месец мај, со тоа што сите натпревари би се играле пред празни трибини, односно без присуство на навивачи. 

Тренинзите исто така се суспендирани до 5 април, а потоа ќе биде одлучено дали фудбалерите ќе можат да се вратат во клубовите и да продолжат да тренираат. 

Последното коло во Бундеслигата се одигра на 8 март, по што сите натпревари беа прекинати поради пандемијата од коронавирусот.