Обвинителството побара максимална казна за Погба

Фудбалерот на Јувентус и поранешен француски репрезентативец Пол Погба падна на допинг-тест, а обвинителството побара тој да добие максимална казна.

Обвинителот бара Погба да биде суспендиран на четири години, а тоа ќе значи најверојатно и крај на неговата кариера.

Погба веќе некое време се соочува со проблеми со здравјето, и тоа откако се врати во Јувентус кога се повреди.