Новата ѕвезда на Манчестер сити најави напад на „Златната топка“

Манчестер сити летово го промовира Рајан Черки од Лион, а талентираниот фудбалер веднаш најави дека се надева на освојување на „Златната топка“.

Черки треба да биде наследник на Кевин Де Брујне во поранешниот англиски и европски шампион, а со доаѓањето во Сити му се зголемуваат шансите во борбата за престижната награда.

„Не сум Де Брујне, тој е легенда, но тука сум да му помогнам на тимот. Разговарав со Пеп за својата улога, ми кажа каде сакам да играм. Кога ќе видите дека Родри ја освои ‘Златната топка’, јасно е дека во Манчестер сити сè е возможно. Поради тоа сум тука“, кажа Черки.

Фото: Facebook/Manchester City