Монако ќе мора да го отстапи тронот во Франција: ПСЖ го урна и шампионот (ВИДЕО)

ПСЖ дефинитивно е без конкуренција моментално во Лига 1, бидејќи славеше победа од 2-1 и на гостувањето кај актуелниот првак Монако.

Оваа сезона ќе биде исклучително тешко некој да ги совлада „светците“, кои засега делуваат непобедливо. На 14 натпревари ПСЖ има 12 победи и само две ремија. Вечерашниот триумф на „Луј Втори“ значеше дека ПСЖ ќе ја задржи предноста од девет бодови пред Лион на табелата и вечерашниот противник Монако.

Единсон Кавани и Нејмар од пенал ја донесоа победата за гостите, додека единствениот гол за „кнезовите“ го постигна Жоао Мутињо од слободен удар и тоа откако топката се одби од Килијан Мбапе.