Мареска го посрамоти капитенот: Во моментов не личи на лидер!

Челси игра многу добро под водство на новиот тренер Енцо Мареска, кој нема милост кон неговите фудбалер, па веќе отпиша дел од нив и сака да ги продаде во јануари.

Мареска даде коментар и за капитенот на „сините“, Рис Џејмс кој се врати на теренот по тешка повреда.

„Очекував многу повеќе од него, да делува како лидер на теренот, но во моментов е далеку од таква улога. Со оглед на тоа дека е капитен, мора да се труди повеќе од останатите. Очекувам од него во иднина да биде подобар и да стане лидер на клубот“, кажа Мареска.

„Сините“ по осум одиграни меча се на седмото место со 14 бодови, односно седум помалку од лидерот Ливерпул.