Манчестер Сити официјално го промовира Рејндерс – потпиша на пет години!

Холандскиот интернационалец, Тијани Рејндерс (25) и официјално е најновото засилување на Манчестер Сити, откако клубот постигна договор со италијанскиот Милан за трансферот на холандскиот играч од средниот ред.

Тој потпиша петгодишен договор со актуелниот англиски шампион. Рејндерс во изминатата сезона одигра 54 натпревари во сите конкуренции и постигна 15 голови. Неговите настапи му го донесоа признанието МВП во Серија А. Кариерата ја почна во холандскиот Цволе, а потоа се етаблираше во тимот на АЗ Алкмар пред да премине во Милан.

„Ова е остварување на сонот – да се приклучам на еден од најголемите клубови во светот, со неверојатен тренерски тим и врвни соиграчи. Подготвен сум да дадам сè од себе и да помогнам Сити да освојува уште повеќе трофеи“, изјави Рејндерс по потпишувањето на договорот.

Холанѓанецот ќе им биде на располагање на „граѓаните“ и за претстојното Светско клупско првенство во САД.

ФОТО: X / Manchester City