Коленото му прави големи проблеми на Мбапе - во прашање и настапот на Мундијалот
Последните денови тој беше на консултации во Париз каде му беше потврдена дијагнозата од докторите на Реал. Тренерот Алваро Арбелоа верува дека Мбапе ќе игра на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но ризикот од настап во блиска иднина е огромен.
Од почетокот на 2026 година, францускиот ас пропушти четири натпревари и беше надвор од тимот 20 дена. Нема да игра вечерва против Селта што ќе биде петти пропуштен меч, но најважно од се е тоа што и кога игра, не е на нивото од порано и тоа се гледа во резултатите на Реал.
На Мбапе е сега да одлучи дали му е поважно да игра на Светското првенство или да настапува за Реал во сезона во која тимот повторно би можел да заврши без трофеј.