Дончиќ е на чекор до суспензија во НБА лигата!

Лос Анџелес Лејкерс синоќа загуби на гостувањето кај Денвер со 113-120, Дончиќ даде 27 поени, имаше 11 скокови и седум асистенции, но неговиот настап го одбележа една техничка грешка која го донесе на чекор до суспензија.

Словенечкиот кошаркар заработи техничка грешка во текот на првото полувреме поради приговор кон судиите. Одлуката го изненади Дончиќ, кој бараше објаснување, но судиите не ја променија одлуката. Иако тој сметаше дека не направил ништо спорно, впишана му е 15. техничка грешка оваа сезона.

Правилата во НБА лигата гласат дека за 16 направени технички грешки, следува суспензија од еден натпревар. Тоа значи следната техничка грешка за Дончиќ ќе значи и суспензија за мечот потоа.

Но, тоа е помалиот проблем. Поголемиот е правилото дека по направени 16 технички грешки, суспензија следува и по секои две следни.