„Тотнем со ангажманот на Тудор го направи најлупавиот потег во историјата!“
По новиот кикс, позицијата на хрватскиот тренер е сериозно разнишана, иако во клубот е само дваесетина дена, а според дел од англиските медиуми сè уште нема ни комплетирана работна дозвола. Дел од навивачите веќе повикуваат на негова смена. Остра колумна на оваа тема објави и новинарот Барни Ронеј од Гардијан, кој не го гледа Тудор како главен виновник за катастрофалната ситуација во клубот.
„Спарс не се толку лоши поради случаен тренер. Тој е само последица на начинот на кој се води клубот. Ангажманот на Тудор е пример за глупоста на многу фудбалски вработувања. Глупо е затоа што нема никаква логика. Тешко е да се замисли поглупав потег во фудбалската историја“, пишува Ронеј.
Тој додава дека Тудор има репутација на тренер, кој носи брз и моментален ефект, но се прашува дали навистина е таков профил на стратег.
„Тудор важи за специјалист на кратки патеки, тренер што веднаш менува нешто во тимот. Но дали навистина е така? Е тука фудбалот понекогаш самиот се демантира“, стои во текстот.
Во меѓувреме, ситуацијата на табелата е алармантна со оглед што Тотнем во моментов е 16. на табелата и само бод го дели од зоната за испаѓање. Падот на клубот е драматичен ако се знае дека пред само две сезони беше петти на табелата и редовно се бореше со екипите од врвот, како дел од т.н. „голема шесторка“ на англискиот фудбал. Минатата сезона едвај обезбедија опстанок, а кризата очигледно продолжува и оваа година.
ФОТО: EPA PHOTO